Добрoдојдовте во “Македонски ИНГ регистар“

ИДБЦ - Информативно Деловниот Бизнис Центар од почетокот на своето постоење па се до денес, во континуитет од 15 години издава публикации од сферата на правото, економијата и други поврзани области. Публикацијата Македонски Инг Регистар која излегува од печат секоја година и се дополнува секој месец во тековната година, претставува регистар на важечки прописи кои се објавени во „Сл.л. на СФРЈ“, во „Сл.в. на СРМ“ и во „Сл.в. на РМ“ и кои тековно се објавуваат во „Сл.в. на РМ“. Покрај прописи во оваа публикација се објавуваат и судски одлуки, како и статии од разни стручни списанија.

 Контакти
тел/факс: (+389 2) 128-306
тел2: (+389 2) 116-111
тел3: (+389 2) 116-644
тел4: (+389 2) 118-625
 Услуги
Пребарување на прописи
 Повеќе
 Помош
Упатство за пребарување
 Повеќе

Добрoдојдовте во “Македонски ИНГ регистар“

Новина во досегашното работење на Информативно Деловниот Бизнис Центар е што од 2005 година за прв пат публикацијата Македонски Инг Регистар се објавува во електронска форма со надеж дека на овој начин ќе им биде по пристапна на оние корисници кои претежно го користат компјутерот во своето секојдневно работење односно на кои користењето на прописите во електронска форма им е полесно, поприфатливо и поекспедитивно.                                                Содржината на Македонскиот Инг Регистар во пишана и електронска форма е иста, со тоа што електронската форма му овозможува на корисникот пребарување со впишување на називот на прописот што го бара што на некој начин заштедува време и истовремено му овозможува со ваквиот начин на пребарување да се запознае и со други прописи, судски одлуки или статии кои ќе се појават при пребарувањето, а кои се на некој начин во врска со прописот што се бара.

All Rights Reserved 2012. idbc-ingregistar.com.mk
   Корисничко име
   Лозинка
   
 
 
Ако не сте регистрирани ...